ПРВ.мк
Свет

БУРНА НОЌ ВО РУСИЈА: Руското Министерство за одбрана објави драматични податоци

БУРНА НОЌ ВО РУСИЈА: Руското Министерство за одбрана објави драматични податоци

Русија во текот на изминатата ноќ била цел на еден од најмасовните украински напади со беспилотни летала од почетокот на воениот конфликт, според извештаите на руските власти.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана пресретнале и уништиле вкупно 1.017 украински дронови над 20 региони во земјата.

Според руските извори, една од главните цели на нападот била Москва. Првичните информации укажуваат дека во главниот град нема жртви ниту материјална штета.

Напади биле регистрирани и во Самарската област, каде што на мета се нашле индустриски капацитети во градот Толјати.

Гувернерот на Самарската област, Вјачеслав Федоришчев, потврдил дека индустриските постројки биле цел на нападите, но засега нема официјални информации за евентуалните оштетувања на фабриките.

Масовниот напад доаѓа во период на засилени воздушни напади меѓу Русија и Украина, со зголемен притисок врз енергетската и индустриската инфраструктура.

Во објавениот извештај нема реакција од украинските власти, а податоците за бројот на соборени беспилотни летала не се независно потврдени.

Најнови вести