ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ: Се подготвува нова мерка за намалување на трошоците

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ: Се подготвува нова мерка за намалување на трошоците

Владата подготвува нова мерка за поддршка на студентите, која предвидува воведување студентска картичка со 20 отсто попуст, достапна за користење во текот на целата година.

Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, картичката ќе биде достапна преку апликацијата „М-услуги“, а во нејзината подготовка се вклучени повеќе државни институции.

На реализацијата на иницијативата заеднички работат Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за финансии, Генералниот секретаријат и Кабинетот на претседателот на Владата.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на поволностите и унапредување на дигиталните услуги наменети за младите.

Од владејачката партија посочуваат дека новата иницијатива е дел од поширокиот пакет мерки за подобрување на студентскиот стандард, кој опфаќа реконструкција на студентските домови, младински додатоци, можности за вработување и самовработување, како и намалување на дигиталната нееднаквост.

Засега не се соопштени конкретниот датум за воведување на студентската картичка и продажните места на кои ќе може да се користи попустот.

Најнови вести