ПРВ.мк
Магазин

ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ НА ВИДЕОИГРИТЕ: Хакерот кој со помош на хотелски телевизор украде материјали од GTA 6 е пуштен на слобода

ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ НА ВИДЕОИГРИТЕ: Хакерот кој со помош на хотелски телевизор украде материјали од GTA 6 е пуштен на слобода

Британскиот хакер Арион Куртај, кој во 2022 година предизвика огромен потрес во индустријата за видеоигри со објавувањето доверливи материјали од долгоочекуваната „Grand Theft Auto VI“ (GTA 6), е пуштен на условна слобода.

На 21-годишниот Куртај судот во Лондон му изрекол седумгодишна затворска казна, откако признал вина по шест точки од обвинението.

Судијата Марк Тарнер му порача на младиот хакер да не го троши својот талент поминувајќи го животот во затвор.

Куртај добил и петгодишна мерка за спречување сериозен криминал, која предвидува строги ограничувања на неговите активности на интернет, вклучувајќи забрана за користење на апликациите „Telegram“ и „Discord“.

Хакерски напад како од холивудски филм

Куртај имал само 17 години кога успеал да навлезе во системите на „Rockstar Games“ од хотелска соба, иако полицијата претходно му го одзела компјутерот.

Тој украл и објавил 90 видеоснимки од тогаш необјавената GTA 6, а се обидел и да ја уценува компанијата со закана дека ќе го објави изворниот код на играта.

Според „Rockstar Games“, справувањето со последиците од нападот ја чинело компанијата околу пет милиони американски долари и илјадници работни часови.

Куртај бил поврзан и со хакерски напади врз компаниите „Uber“ и „Revolut“, како член на хакерската група „Lapsus$“.

Неговото ослободување е условено со почитување на строгите ограничувања утврдени од судот.

Најнови вести