ПРВ.мк
Свет

БУРТАЛНА КАЗНА: Девојка се онесвести по јавно камшикување – бакнеж на TikTok ги однесе пред суд!

БУРТАЛНА КАЗНА: Девојка се онесвести по јавно камшикување – бакнеж на TikTok ги однесе пред суд!

Девојка и нејзиниот партнер беа јавно казнети со по 21 удар со камшик во индонезиската покраина Ачех, откако властите утврдија дека го прекршиле шеријатскиот закон со тоа што разменувале бакнежи за време на пренос во живо на социјалната мрежа TikTok.

Станува збор за прв познат случај во кој лица се санкционирани поради однесување прикажано преку интернет, односно за прекршок извршен за време на пренос во живо на социјалните мрежи.

Казната била извршена јавно, пред присутни граѓани, а за време на камшикувањето девојката ја изгубила свеста. Поради нејзината здравствена состојба, медицинскиот тим интервенирал, по што извршувањето на казната било привремено прекинато.

Покраината Ачех е единствениот регион во Индонезија каде официјално се применува шеријатскиот закон, кој предвидува јавни телесни казни за одредени прекршоци, меѓу кои се и однесувања што се сметаат за спротивни на исламските норми.

Случајот предизвика силни реакции во меѓународната јавност. Организациите за заштита на човековите права повторно го осудија јавното камшикување, оценувајќи дека станува збор за сурова, нечовечна и понижувачка практика која не е во согласност со меѓународните стандарди за човекови права.

Најнови вести