Американскиот претседател Доналд Трамп одржал итен состанок во Ситуациската соба на Белата куќа за да се разгледа ескалацијата околу Ормускиот теснец и текот на преговорите со Иран, потврдија двајца американски функционери.
Ситуацијата, според информациите, се наоѓа во критична фаза бидејќи привременото примирје истекува за три дена, а сè уште нема утврден датум за нова рунда преговори меѓу САД и Иран.
Во меѓувреме, иранските најави за можно повторно затворање на теснецот, како и нападите врз бродови во регионот, дополнително ја зголемиле тензијата, само кратко време по изјавата на Трамп дека договор би можел да се постигне „во рок од ден или два“.
Висок американски претставник предупредил дека, доколку не дојде до напредок во преговорите, постои ризик од нова ескалација и можен продолжеток на конфликтот во наредните денови.
На состанокот учествувале високи функционери од администрацијата, меѓу кои потпретседателот, државниот секретар, министерот за одбрана, министерот за финансии, како и шефовите на ЦИА и Здружениот штаб, што укажува на сериозноста на ситуацијата и можните безбедносни последици.










