ПРВ.мк
Црна Хроника

НАСИЛСТВО ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ: Маж ја нападнал жената ангажирана да се грижи за неговата болна мајка!

НАСИЛСТВО ВО СЕМЕЈНИОТ ДОМ: Маж ја нападнал жената ангажирана да се грижи за неговата болна мајка!

Дваесет и петгодишен жител на тетовското село Урвич ќе се соочи со кривична пријава поради физички напад врз 50-годишна жена од Косово, која била ангажирана како негувателка на неговата болна мајка.

Според информациите од полицискиот билтен, Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против Г.Ј. (25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Настанот се случил на 14 јуни 2026 година во семејниот дом, каде што пријавениот физички ја нападнал 50-годишната жена, која се грижела за неговата болна мајка.

По документирањето на случајот, СВР Тетово поднело соодветна кривична пријава против 25-годишникот.

Најнови вести