ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци добива современ Био Пазар: Проектот вреден над 26,5 милиони денари влегува во завршна фаза!

Кавадарци добива современ Био Пазар: Проектот вреден над 26,5 милиони денари влегува во завршна фаза!

Био Пазарот во Кавадарци влегува во својата завршна фаза на изградба, а градежните активности на терен се одвиваат со забрзано темпо.

Со реализацијата на овој важен капитален проект, Општина Кавадарци добива современ, уреден и сертифициран простор наменет за сите локални земјоделци, органски производители и мали семејни бизниси. Овој пазар ќе им овозможи на производителите директно да ги пласираат своите производи до граѓаните, без дополнителни посредници, обезбедувајќи фер цени и поголема доверба кај потрошувачите.

Преку оваа значајна инвестиција, Општина Кавадарци директно вложува во здравјето на своите граѓани, дава силна поддршка на домашните производители и поттикнува одржлив развој на локалната економија.

Вкупната инвестиција на Општина Кавадарци за овој проект изнесува 26.500.000 денари + ДДВ.