ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ТРАГИЈА ЈА ПОГОДИ ДРЖАВАТА: Полицаец и полициско куле загинаа во страшна и сомнителна експлозија!

(ВИДЕО) ГОЛЕМА ТРАГИЈА ЈА ПОГОДИ ДРЖАВАТА: Полицаец и полициско куле загинаа во страшна и сомнителна експлозија!

Еден шпански полицаец и неговото службено куче загинале, додека друг полицаец е тешко повреден во експлозија што утрово се случила во градот Овиедо. Несреќата се случила за време на полициска интервенција по пријава за пукање, објави „Би-би-си“.

Полициските службеници пристигнале на местото по пријава за расправија меѓу соседи. Таму затекнале жена со прострелни повреди, а додека траела потрагата по лицето кое пукало, во една од зградите забележале сомнителен ранец со светло што трепкало.

Поради сомнеж дека во ранецот има експлозивна направа, на местото биле повикани Кинолошката единица и специјализираната единица за деактивирање експлозивни направи.

До експлозијата дошло додека полициските службеници го изнесувале ранецот од зградата, со намера да ги заштитат станарите и да ја отстранат опасноста од објектот.

„Додека ранецот го преместувале надвор за да ја осигурат безбедноста на станарите, дошло до експлозија“, изјави полицискиот портпарол Педро Агуадо.

Во експлозијата животот го загубил припадникот на Кинолошката единица, идентификуван како Хуан Хосе. Тешко повреден бил и неговиот колега од единицата за деактивирање експлозивни направи. Во инцидентот загинало и тригодишното полициско куче Дени.

Жената која претходно била застрелана, како и повредениот полицаец, итно биле пренесени во болница.

Во меѓувреме, осомничениот за пукањето успеал да побегне и сè уште е во бегство. Шпанската полиција спроведува голема операција во пошироката околина на местото на експлозијата, а потрагата по него продолжува.

По трагичниот настан, шпанската полиција преку објава на социјалната мрежа „Икс“ му оддаде почит на загинатиот колега и изрази сочувство до неговото семејство и најблиските.

„Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите, колегите и најблиските“, соопшти полицијата.

Реакција пристигна и од шпанскиот премиер Педро Санчес, кој изрази длабока потресеност поради загубата на полицискиот службеник и му оддаде признание на повредениот полицаец.

„Вашата посветеност и храброст ја заслужуваат благодарноста на целата земја“, напиша Санчес.

ВИДЕО