Поранешен студент на Државниот универзитет во Тетово е осомничен дека упатувал писмени закани кон деканот и професорите на Факултетот за уметности. Против 38-годишниот жител на Тетово полицијата поднела кривична пријава поради сомнение за загрозување на сигурноста.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 октомври 2026 година, кога пријавениот И.А., кој претходно студирал на овој факултет, во канцеларијата на деканот оставил писмени закани упатени кон него, но и кон останатите професори.
По преземените активности, Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против 38-годишникот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.




