ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Камион излетал и удрил во метална ограда, возачот заврши во болница!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА: Камион излетал и удрил во метална ограда, возачот заврши во болница!

Возач на товарно возило се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на клучката „Радишани“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Скопје во 11 часот. Во неа учествувало товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот И.С. од Скопје.

Од засега неутврдени причини, камионот удрил во металната заштитна ограда на обиколницата.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје, а се утврдуваат околностите под кои дошло до сообраќајниот инцидент.

Најнови вести