Данската влада објави дека постигнала историски „политички договор“ со кој се воведува целосна забрана за користење на социјални мрежи за сите лица под 15 години. Оваа одлука, предводена од Министерството за дигитализација, има за цел да ги заштити младите од штетните ефекти на прекумерното онлајн изложување и зависност од дигиталните платформи.
Исклучоци со родителска согласност
Според новиот закон, децата на возраст меѓу 13 и 15 години ќе можат да користат социјални мрежи само доколку нивните родители дадат официјална согласност, а тоа ќе биде дозволено по индивидуална проценка од надлежните институции.
Овој модел, кој данската влада го опишува како еден од најсèопфатните во Европа, се воведува како реакција на сериозните предупредувања од психолози и организации за ментално здравје дека платформите како Instagram, TikTok и Snapchat предизвикуваат зависност, намалување на концентрацијата и појава на анксиозност и депресија кај младите.
Целта не е изолација, туку заштита
Данската влада појасни дека не се стреми кон целосно исклучување на децата од дигиталниот свет, туку кон создавање побезбедна и поконтролирана онлајн средина.
Со овој потег, Данска станува една од првите европски држави која презема ваков драстичен чекор во регулирањето на дигиталниот простор, поставувајќи нов стандард за заштита на најмладите корисници на интернет.
















