ПРВ.мк
Свет

Крвава сцена во украинската престолнина – бројот на жртви расте!

Крвава сцена во украинската престолнина – бројот на жртви расте!

Во Киев се случил вооружен инцидент во кој маж отворил оган во градската населба Холосиевски, при што загинале две лица, а уште петмина се повредени, соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Според неговата изјава објавена на Телеграм, напаѓачот најпрво почнал да пука на улица, по што се повлекол и се забарикадирал во супермаркет. Кличко наведе дека во тек е специјална полициска операција за негово приведување.

Медицинските служби потврдиле дека засега се регистрирани две жртви, додека пет лица се повредени. Безбедносните служби ја опколиле локацијата, а според првичните информации, пукањето продолжило и во внатрешноста на објектот.

Властите соопштија дека ситуацијата е сериозна и дека полициските единици се обидуваат да ја стават под целосна контрола, додека истрагата за мотивите на нападот е во тек.