ПРВ.мк
Свет

ГОЛЕМ ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА: Моќен милијардер во центарот на афера, се вклучија ФБИ и Трамп

ГОЛЕМ ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА: Моќен милијардер во центарот на афера, се вклучија ФБИ и Трамп

Голем скандал ја потресе американската технолошка индустрија откако се појавија информации дека извршниот директор на NVIDIA, Џенсен Хуанг, бил во љубовна врска со кинеска бизнисменка за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека собирала информации за Пекинг.

Во случајот се вклучило и американското Федерално истражно биро (ФБИ), а за аферата јавно проговори и претседателот Доналд Трамп.

Трамп потврди дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека не знаел за сомневањата дека жената е поврзана со кинеските разузнавачки служби.

„Го прашав дали знаел дека таа е шпионка. Ми рече дека немал поим и јас му верувам“, изјави Трамп.

Според американските медиуми, станува збор за бизнисменката Алис Хуанг, која претходно била поврзана со компанија што тргувала со напредни компјутерски чипови.

Случајот предизвика загриженост поради можноста чувствителни информации и напредна американска технологија да завршиле во рацете на Кина.

Управниот одбор на NVIDIA започнал внатрешна истрага за да утврди дали нејзиниот директор бил цел на странска разузнавачка операција.

Хуанг признал дека ѝ бил неверен на сопругата и се извинил на семејството и компанијата, но не потврдил дека знаел за евентуални шпионски активности.

По објавувањето на информациите, акциите на NVIDIA во понеделникот паднале за повеќе од четири проценти.

Кина ги отфрла обвинувањата за шпионажа, додека Хуанг најавил целосна соработка со истражителите.

Засега не е утврдено дека тој свесно учествувал во каква било шпионска активност.