Според информациите што ги објави „Аксиос“, американскиот претседател Доналд Трамп одбил барање од Саудиска Арабија САД да извршат воени напади врз јеменските Хути.
Како што се наведува во извештајот, саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во текот на синоќешните часови двапати телефонски разговарал со Трамп, барајќи од американскиот претседател да нареди удари врз Хутите.
„Аксиос“ информацијата ја објави повикувајќи се на двајца претставници на американската администрација.
Според нивните тврдења, Трамп не го прифатил барањето на саудискиот престолонаследник. Истите извори посочуваат дека Белата куќа во овој момент не планира директна американска воена акција против Хутите.
Засега не се соопштени дополнителни детали за телефонските разговори меѓу Трамп и Мохамед бин Салман, ниту за причините поради кои американскиот претседател решил да не го прифати барањето.






