ПРВ.мк
Свет

ДРАМА ВО ОРМУСКАТА ТЕСНИНА: Четири проектили погодиле два брода, на едниот избувнал пожар

ДРАМА ВО ОРМУСКАТА ТЕСНИНА: Четири проектили погодиле два брода, на едниот избувнал пожар

Два брода биле нападнати во близина на Ормуската Теснина, кај брегот на Оман, соопшти Британската организација за поморски трговски операции (UKMTO).

Според првичните информации, капетан на друг брод пријавил дека забележал четири проектили од непознат тип како ги погодуваат двата пловни објекти на околу седум километри западно од Хасаб.

По ударите, на еден од бродовите избувнал пожар, додека засега нема јасни информации за состојбата на вториот брод. Не се објавени ниту детали за евентуални жртви или повредени.

Во моментов не е познато кој стои зад нападот.

Новиот инцидент доаѓа во период на сериозно нарушен поморски сообраќај низ Ормуската Теснина поради конфликтот меѓу Иран и САД. Оваа поморска рута има огромно стратешко значење бидејќи преку неа се одвива значителен дел од извозот на нафта, природен гас и други производи од земјите од Заливот.

Според американските медиуми, американските воени сили и покрај нападите и високите безбедносни ризици во повеќе наврати придружувале конвои со бродови низ теснината покрај брегот на Оман.