ПРВ.мк
Свет

Вечерва стопиран воздухопловниот сообраќај – војската пукала по дронови, Брисел алармира

Вечерва стопиран воздухопловниот сообраќај – војската пукала по дронови, Брисел алармира
Kristal

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Ајндховен вечерва беше целосно запрен, откако над објектот биле забележани неколку дронови. Холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс потврди дека ситуацијата ја активирала целата безбедносна процедура, а специјализираната опрема за неутрализирање дронови била ставена во готовност.

Инцидентот не е изолиран. Неколку часа претходно, холандската армија веќе имала директен судир со беспилотни летала – во воздухопловната база Волкел, која се наоѓа околу 40 километри од Ајндховен. Според Министерството за одбрана, војниците биле принудени да употребат огнено оружје откако дронови влегле во воениот воздушен простор.

Ајндховен е аеродром со двојна функција – цивилна и воена – што ја прави ситуацијата уште посериозна.

Европа загрижена – Фон дер Лајен со остра реакција

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги оквалификува ваквите упади со дронови како дел од „хибридна војна“ насочена кон земјите членки, предупредувајќи дека европските инфраструктури се стануваат цел на систематски напади.

Неколку европски дипломати претходно укажаа на можни руски операции зад ваквите упади, но Москва категорично ги отфрли обвинувањата.

Ситуацијата останува напната

Холандските безбедносни служби засега не откриваат кој стои зад појавата на беспилотните летала, но истрагата се води под највисоко ниво на тревога поради ризикот за воениот и цивилниот сообраќај.

Властите најавуваат дополнителни мерки за заштита, додека воздушниот простор во регионот останува засиленo надгледуван.

Escape