ПРВ.мк
Црна Хроника

Омилениот Борче ненадејно почина – македонскиот клуб во солзи

Омилениот Борче ненадејно почина – македонскиот клуб во солзи
Kristal

Македонската заедница во Австралија е во длабока жалост по ненадејната смрт на Борче Јазевски, човек кој остави силна трага во фудбалскиот клуб „Рокдејл Илинден“ од Сиднеј.

Од клубот со болка соопштија дека Борче повеќе од една деценија бил еден од најпосветените луѓе во тимот – работел како тренер, се грижел за безбедноста, учествувал во одржување на објектите и бил прв кој ќе се појави кога клубот има потреба од помош. Неговата добрина, мирниот карактер и желбата секогаш да помогне го направиле омилен меѓу играчите, тренерите и поддржувачите.

„Го загубивме човек кој беше дел од срцето на нашиот клуб,“ стои во нивното соопштение.

По него останува ќерката Јаскинта, која продолжува да го носи семејното име во клубот – таа е активен тренер и играч во женската екипа на „Рокдејл Илинден“.

Escape