ПРВ.мк
Црна Хроника

„Се креваат реките, селата отсечени! Поплави ја пустошат оваа држава – прва жртва потврдена!“

„Се креваат реките, селата отсечени! Поплави ја пустошат оваа држава – прва жртва потврдена!“
Kristal

Стотици домови и земјоделски површини се под вода, а една 76-годишна жена го загуби животот по катастрофалните поплави што го зафатија југот на Албанија. Нивото на водата се повлече доволно за полицијата да го пронајде телото во општината Девол, еден од најтешко погодените региони.

Најголем хаос е забележан во руралните подрачја, каде што поплавите ги уништија патиштата и целосно ги отсекоа од светот жителите на селото Душар. Таму 30 семејства со часови останаа без можност за евакуација или пристап до помош.

Реките Вјоса и Семан излегоа од коритата и потопија огромни области. Само во регионот Леже, повеќе од 220 хектари обработливо земјиште се под вода, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Иако екипите се постојано на терен, стравувањата растат – метеоролозите предупредуваат дека нов бран интензивни врнежи е можен во следните денови, што би можело дополнително да ја влоши состојбата.

Албанските власти апелираат до граѓаните во ризичните региони да бидат подготвени за брза евакуација, додека спасувачките служби работат на зачувување на критичната инфраструктура и помош на населението.

Escape