Синоќа, околу 21:05 часот, во еден маркет на подрачјето на скопската општина Центар, 80-годишниот В.П. од Скопје бил физички нападнат од засега непознат напаѓач.
Пензионерот веднаш по инцидентот го пријавил случајот во МВР, по што била повикана полициска екипа да изврши увид и да ги собере потребните информации за расветлување на случувањето.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на нападот, како и за идентификација и пронаоѓање на напаѓачот.
Инцидентот предизвика вознемиреност кај жителите на Центар, особено поради тоа што нападот се случил на јавно место и во време кога маркетите сè уште имаат поголема фрекфенција на граѓани.
















