ПРВ.мк
Топ Вести

Ова е најубавата планинарска патека на светот - еве каде се наоѓа

Ова е најубавата планинарска патека на светот - еве каде се наоѓа
Kristal

Ликискиот пат (Likya Yolu, Lycaian Way), кој се протега од Фетије до Анталија на медитеранскиот брег на Турција, е прогласен за најубава планинарска патека во светот од британското списание „Тајм аут“. Со должина од околу 540 километри, патеката нуди уникатна комбинација од природа, историја и спектакуларен поглед на крајбрежјето. Планинарите минуваат покрај антички ликиски урнатини и традиционални села, доживувајќи авантура која го спојува минатото и сегашноста.

Античка Ликија – историја и култура Ликија, историско име за полуостровот Теќе, е позната по стрмните планини кои се издигаат од карпестиот брег и нудат разновидни пешачки тури. Шумите се составени од борови, јагоди и рогач, додека на повисоките места преовладуваат смрека и кедар. Ликијците биле независен, воинствен народ со развиена уметност и висок животен стандард. Стратешката позиција им овозможила трговија и поморско влијание, а подоцна Ликија станала римска провинција. Римјаните изградиле градови, пристаништа, театри, бањи, форуми и храмови.

Со проширувањето на христијанството од 4 век, византиските манастири се населиле во ридовите. Денес, Ликискиот пат минува покрај околу 25 историски локации со гробови и урнатини, кои ја раскажуваат богатата историја на регионот.

Пешачки предизвици и природни убавини Патеката, долга 760 км и која се поминува за околу 35 дена, се состои од римски патишта, стари планински патеки и патеки за мазги. Подлогата е често тврда и каменеста, неподходна за планински велосипеди, а теренот нуди стрмни наклони и планински премини.

Ликискиот пат е истражен и обележан од британско-турската историчарка Кејт Клоу во 1999 година, со цел заштита на старите патишта во Турција. Патеката се поврзува со Патиштата на Свети Никола, кои го поврзуваат Демре со византиските манастири.

Логистика и препораки за планинари Почетната точка е во Олудениз, на два часа од аеродромот Даламан, а крајната точка е во Гејикбајири, со лесен превоз до Анталија. На патеката има локални пешачки рути во Фетије, Кемер и Коњалти, обележани со жолта и црвена боја.

Планинарењето е најпријатно во пролет или есен (февруари-мај, септември-ноември), со посебно добри услови во февруари. Летото е премногу топло за долги прошетки. На повеќето места има сместување во селски куќи, пансиони или мали хотели, а за авантуристи постои можност за кампување во природа со изворска вода во близина.

Ликискиот пат нуди вистинско бегство од градскиот живот, авантура, историја и магија на медитеранската природа – искуство што секој љубител на планинарење треба да го доживее.

Escape