Портпаролот на УНИЦЕФ, Рикардо Пирес, денес изјави дека од влегувањето во сила на прекинот на огнот на 11 октомври, израелската армија продолжува да убива просечно по две деца дневно во појасот Газа.
На редовниот неделен брифинг во Женева, Пирес посочи дека и покрај прекинот на огнот, во четврток едно девојче загинало во израелски воздушен напад врз Кан Јунис, додека претходниот ден седум деца биле убиени во градот Газа.
















