ПРВ.мк
Топ Вести

Зошто Германија размислува за руски гас и нафта - достапни цени или геополитика?

Зошто Германија размислува за руски гас и нафта - достапни цени или геополитика?
Kristal

Дебатата за односот на Германија кон Русија не се води само во редовите на партијата АфД, туку и во ЦДУ, особено кога станува збор за можноста за (повторен) увоз на руски енергенти, анализира DW.

Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека Германија треба да ја разгледа можноста за продолжување на испораките на енергија од Русија, со цел да се обезбедат достапни цени за европските потрошувачи. Кречмер истакна дека Русија треба „долгорочно повторно да стане трговски партнер, без создавање нова зависност“.

Тоа не е првпат Кречмер да се залага за поблиски односи со Русија, но неговите ставови наидоа на критики од партискиот колега Родерих Кизеветер, кој нагласува дека Русија секојдневно бомбардира украински домови и инфраструктура, па ваквите изјави се сметаат за контрапродуктивни и потенцијално опасни за безбедноста.

Раководството на ЦДУ и германската влада досега одбиваат било какво приближување кон Русија, нагласувајќи дека само Москва може да ја запре војната во Украина. Пред конфликтот, Русија беше еден од главните снабдувачи на енергенти за Германија, но денес увозот на руски гас и нафта е стопиран, а Европската унија планира целосно да го укине до 2027 година.

Escape