Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишник од Тетово, осомничен дека измамил маж од кичевско. Жртвата во април годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“ договорила нарачка, за која платила капар од 1.200 евра.
И покрај договорениот рок од еден месец, осомничениот не ја испорачал нарачката, по што случајот бил пријавен во полиција. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите на измамата.
















