ПРВ.мк
Македонија

Хакирана пошта во Кавадарци: Сопственик на фирма остана без пари - еве како успеале хакерите

Хакирана пошта во Кавадарци: Сопственик на фирма остана без пари - еве како успеале хакерите
Kristal

Сопственик на фирма од кавадаречко бил жртва на измама преку хакирана електронска пошта, при што бил оштетен за 80.000 денари, соопшти Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 09:00 часот, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека преку европска платформа за транспорт бил измамен. Според пријавеното, преку хакиран е-маил добиле инструкции стоката која ја товареле во Германија да се истовари на друга локација, различна од претходно договорената. Стоката била предадена на таа локација, но не стигнала до побарувачот и била противправно присвоена, се наведува во соопштението од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Escape