ПРВ.мк
Македонија

Драматична ноќ во Ресен: Вода, страв, но и неверојатна храброст - ова е херојот на Ресен

Драматична ноќ во Ресен: Вода, страв, но и неверојатна храброст - ова е херојот на Ресен
Kristal

Обилните врнежи што ја погодија Македонија во првите денови од неделата предизвикаа големи проблеми на многу места, а Ресен беше меѓу најтешко погодените. Според жителите, во понеделникот поројниот дожд ја подигнал реката што минува низ градот до точка на прелевање, а водата почнала да навлегува во дворовите и домови.

Меѓу погодените семејства беше и домот на Беско од Ресен. Иако ситуацијата била опасна и поплавата силна, тој без двоумење се вратил назад за да ги спаси своите кучиња. Успеал да извлече две од нив, но третото, за жал, не успеало да преживее.

Овој храбар потег на Беско остави силен впечаток во заедницата, потсетувајќи колку многу значат верните миленици за своите сопственици – дури и во најтешките моменти.

Escape