ПРВ.мк
Македонија

АХВ предупредува: Водата за пиење под сомнеж во поплавените региони - еве какви препораки даваат

АХВ предупредува: Водата за пиење под сомнеж во поплавените региони - еве какви препораки даваат
Kristal

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) упати апел до граѓаните во региони зафатени од надојдена вода да внимаваат на безбедноста на прехранбените производи, водата за пиење и здравјето на добитокот.

Граѓаните се советуваат:

  • Да се следат информациите за временските услови, состојбата на реките и исправноста на водоснабдувањето.
  • Водата од индивидуални водоводни објекти која е заматена да не се користи за пиење или готвење додека не се добие лабораториска потврда за нејзината безбедност.
  • Да се одржува хигиена на рацете, особено по контакт со поплавена вода или предмети.
  • Готовата храна да се заштити од контакт со поплавена вода или отпадни води.
  • Храната изложена на поплавена вода или сместена во поплавени фрижидери, замрзнувачи и визби да се отстрани.
  • Јадењето да се приготвува со безбедна вода и да се термички обработи над 70°C.
  • Овошјето и зеленчукот да се мијат, лупат и повторно термички обработуваат пред консумација.
  • За мали деца се препорачува индустриски подготвена храна.

Во однос на добитокот:

  • Сопствениците треба да обезбедат храна, вода и прибежиште на сигурна локација.
  • Ако е потребно да се напушти местото, животните треба да се префрлат на безбедно место.
  • Врзаните животни во штала треба да се одврзат и да се дислоцираат на повисоко место.
  • Храната и водата за добитокот треба да се сместат на суво и безбедно место.
  • Сопствениците треба да бидат во контакт со надлежниот ветеринар за насоки и евентуална медицинска грижа.

АХВ нагласува дека правилната заштита на храна, вода и животни е клучна за здравјето и благосостојбата на семејствата погодени од поплавите.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK