Денеска, 22 ноември, е официјално неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Македонија. Празникот се одбележува како Ден на албанската азбука – датум со историско значење, поврзан со конгресот во Битола во 1908 година, кога е стандардизирана современата албанска азбука.
Согласно Законот за празници, овој ден е неработен само за Албанците, а институциите и организациите работат по вообичаен распоред.
По повод празникот, денеска во Свечената сала во Владата ќе се одржи свечена седница. На настанот свое официјално обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Празникот традиционално се одбележува со културни манифестации, научни настани и активности што ја нагласуваат важноста на албанскиот јазик и писмо во државата.
















