ПРВ.мк
Црна Хроника

Затворен патот кон границата со Грција, полицијата на увид - ова е причината

Затворен патот кон границата со Грција, полицијата на увид - ова е причината
Kristal

Прекинат е сообраќајот на патниот правец кон граничниот премин Меџитлија поради сообраќајна несреќа, информира Автомото сојузот на Македонија.

Несреќата се случила во 20:00 часот на кракот А-3, меѓу Битола и државната граница со Грција, во близина на крстосницата за селата Бистрица и Оптичари. Поради тоа, сообраќајот е целосно во прекин и се пренасочува низ околните села Бистрица и Породин.

Возачите се советуваат да ги следат знаците за пренасочување и да возат со внимание по алтернативните рути.

Escape