ПРВ.мк
Македонија

Скандал без преседан: Правосудство со 2% доверба дрско бара 8 просечни плати – кој го охрабрува?

Скандал без преседан: Правосудство со 2% доверба дрско бара 8 просечни плати – кој го охрабрува?
Kristal

ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека македонското правосудство, со само 2% доверба од граѓаните, не покажува посветеност да ја зголеми својата ефикасност, а со тоа дополнително ја поткопува веќе ниската кредибилност.

„Наместо да работат во интерес на граѓаните и да обезбедат доследно спроведување на правдата, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите“, истакнуваат од партијата.

Според нив, македонските судии и обвинители веќе се меѓу најплатените во регионот и Европа, со примања од 2,3 до 3,2 просечни плати, односно над 100.000 до 144.000 денари (1.700 до 2.360 евра). Претседателите на суд земаат околу 180.000 денари (3.000 евра).

ВМРО-ДПМНЕ прави споредба со соседните и европските земји:

  • Во Србија, судиите и обвинителите земаат околу 120.000 денари (2.000 евра), а довербата на граѓаните е 20%.
  • Во Хрватска, довербата е исто 20%, а платите на правосудните органи се околу 3.350 евра.
  • Во Словенија, со доверба од 41%, платите се движат од 107.000 денари (1.738 евра) до над 4.000 евра за врвните позиции.
  • Во Германија, довербата е 58%, а платите на судиите околу 3.300 евра (200.000 денари).

„Сега, судиите и обвинителите во Македонија бараат двојно зголемување, што би значело плати од 160.000 денари за судија и 360.000 денари за претседател на суд – многу над европските стандарди, а со доверба од само 2%“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата повикува на разумност и апелира правосудните органи да се фокусираат на работа и да покажат резултати кои ќе ги почувствуваат граѓаните.

Escape