Двајца рудари загинаа при уривање на тунел во рудник за јаглен во северозападна Шпанија, објави ДПА повикувајќи се на локалните медиуми.
Уште едно лице било пријавено како исчезнато во инцидентот во автономниот регион Астурија, но подоцна беше потврдено дека успеало да избега од урнатината. Тунелот се урнал на околу километар и половина од влезот на рудникот, а причините за несреќата сè уште се истражуваат.
Според синдикатите, рудникот ги исполнувал сите безбедносни стандарди, соопшти телевизијата РТВЕ. Ова е втора фатална несреќа во Астурија оваа година – во март, пет работници загинаа во експлозија во друг рудник за јаглен во близина на Дегана.
















