Вчеравечер околу 20:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.В. (44) од Скопје.
При преглед кај лицето пронајдена е поголема количина марихуана и други видови на наркотични средства. Д.В. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
















