ПРВ.мк
Македонија

МВР со информации за Аца Лукас – кои детали се криеја од јавноста?

МВР со информации за Аца Лукас – кои детали се криеја од јавноста?
Kristal

На 22.11.2025, околу 00:10 часот, српскиот турбо-фолк пејач А.В. (57), познат како Аца Лукас, е приведен во Кавадарци, потврди Министерството за внатрешни работи. Апсењето се случило за време на акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на Кавадарци, спроведена од страна на ОВР Кавадарци, Одделението за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи.

Причината за приведувањето била тоа што Аца Лукас настапувал во објектот без потребната дозвола. Основниот суд во Кавадарци му изрече парична казна по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци.

За време на контролата, во истиот угостителски објект биле констатирани и други прекршоци:

  • Од страна на УЈП – неиздавање фискална сметка.
  • По Законот за пушење – констатирани прекршоци.
  • Од Државниот пазарен инспекторат – присуство на поголем број гости од дозволениот капацитет.

Сите надлежни институции најавуваат продолжување на зајакнати акциски контроли за санкционирање на било какво кршење на законите на територијата на државата.

Менаџерот на Аца Лукас истакна дека, според нивната верзија, причината за апсењето била наводно тоа што пејачот носел македонско знаме, а не бугарско, но ова официјално не е потврдено од МВР.

Escape