На булевар во Нов Белград денеска е пронајдено тело на 25-годишно момче, со видлива повреда на главата, објавуваат српските медиуми. Очевидци за „Телеграф“ изјавиле дека слушнале истрели во моментот на инцидентот.
Вработена во трафиката во близина раскажала дека слушнала силен истрел кој ја исплашил, по што била принудена да ја заклучи трафиката и да се скрие.
Се претпоставува дека убиството се случило кај влезот на блиската зграда. Засега полицијата не го идентификувала сторителот, но на терен е во тек полициска акција под кодното име „Вихор 3“ која опфаќа Нов Белград и Земун.
Објавените информации засега се првични, а истрагата продолжува.
















