Во Клиниката за нефрологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал 41-годишниот мигрант Л.Ш., соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, тој бил донесен во клиниката на 20 ноември околу полноќ за укажување на лекарска помош, но утредента, на 21 ноември во 06:48 часот, дошло до негово влошување и смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото веднаш било предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта. Од МВР кратко изјавија дека станува збор за трагичен случај и дека сите релевантни детали ќе станат познати по завршување на обдукциските постапки.
Истражните органи продолжуваат да работат на случајот со цел да ги разјаснат околностите поврзани со смртта на мигрантот.
















