Корпорацијата ДГМТ, сопственик на весникот „Дејли меил“, денес објави дека постигнала договор за купување на конкурентскиот весник „Телеграф“ за сума од 500 милиони фунти. Со оваа трансакција, се формира една од највлијателните медиумски групи од десничарска провениенција во Обединетото Кралство.
Договорот следува само една недела откако американската инвестициска компанија „РедБрд Капитал Партнерс“ ја повлече својата понуда за „Телеграф“, еден од весниците со најголем тираж во Британија. Еден извор близок до „РедБрд“ изјави дека континуираното противење од страна на високи членови на уредувачкиот тим на „Телеграф“ ја принудило компанијата да се откаже од наддавањето.
Лица запознаени со преговорите потврдуваат дека вредноста на договорот изнесува околу 500 милиони фунти. Според „Фајненшл тајмс“, цената била утврдена за „Телеграф“ да ги надомести средствата што претходно ги вложи „РедБрд“.
Двете страни започнаа период на ексклузивност со цел да ги финализираат деталите од договорот и да ја подготват потребната документација, со очекување трансакцијата да биде завршена наскоро.
Портпаролот на „РедБрд“ изјави: „ДМГТ и РедБрд ИМИ работеа брзо за да го постигнат договорот објавен денеска, кој наскоро ќе биде доставен до Министерството.“
















