“АПЕЛ – ИТНО е потребен донор!
На десетгодишниот Никола Черкезов, кој веќе 4 години храбро се бори со леукемија и моментално е на лекување во болницата Medical Park Bahçelievler Hospital, Истанбул (Турција), ИТНО му се потребни гранулоцити од крвна група A+.
Донорот мора да биде турски државјанин или да има важечка виза за престој.
Ги повикуваме сите хумани луѓе со крвна група A+, кои се наоѓаат во Истанбул и имаат турско државјанство, да се јават и да помогнат во најважната животна битка на Никола.

Воедно, ги молиме сите што имаат пријатели или роднини во Истанбул да го споделат овој апел — можеби токму тие ќе можат да помогнат!
Контакт телефони за дополнителни информации (клиника):Азра: +90 536 888 92 51Дилек: +90 543 897 09 94Валентина (мајката на Никола): +389 70 420 603 WhatsApp, Viber
Ви благодариме од срце на сите што ќе споделат и ќе помогнат. 🙏❤️
















