ПРВ.мк
Свет

Трамп ја притиска Украина: Ако не прифатите, голема загуба ве чека - што се крие зад заканата?

Трамп ја притиска Украина: Ако не прифатите, голема загуба ве чека - што се крие зад заканата?
Kristal

Според „Волстрит журнал“, САД сериозно размислуваат да ја ограничат или целосно да ја прекинат клучната разузнавачка и воена поддршка за Украина, доколку Киев го одбие мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп и дал на Украина рок од една недела да соопшти дали го прифаќа предлогот, што во Киев и кај западните сојузници се сфатило како најсилен сигнал досега дека соработката со САД може драстично да се влоши.

Анализата наведува дека одбивањето на планот може да доведе до стопирање на разузнавачките канали и испораките на оружје. Претседателот Трамп порача дека Володимир Зеленски мора да го прифати предлогот како основа за политички договор со Москва.

На 20 ноември, украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко го објави документот од 28 точки што ја дефинира рамката на мировниот план. Официјални извори во Киев за „Фајненшл тајмс“ признаваат дека сегашната форма на предлогот е неприфатлива, но во Вашингтон очекуваат Зеленски да го потпише до 27 ноември.

Мировниот план предвидува Украина да се откаже од стремежот кон членство во НАТО, да се дефинираат нови граници, да се формира тампон-зона, да се ограничат капацитетите на украинската армија и да се користат замрзнатите руски средства за идни договори.

Зеленски неодамна предупреди дека постои реална опасност од засилен меѓународен притисок во претстојните мировни преговори и истакна дека Киев нема да прифати решение што би ги поткопало националните интереси на Украина.

Escape