ПРВ.мк
Економија

Работодавачите и синдикатите во судир - Дали граѓаните ќе добијат повисока плата?

Работодавачите и синдикатите во судир - Дали граѓаните ќе добијат повисока плата?
Kristal

Кој како стигне го краде сопствениот народ доведувајќи го на работ на егзистенцијата а криминалот расцветал во сите нијанси, велат граѓаните со кои што пораговаравме. Лути и бесни на ставовите на функционерите дека ако се зголемат примањата ќе се зголеми и инфлацијата.

Велат, кренале раце одамна од функционери кои се богатата катадневно на грбот на и така сиромашниот народ.  

И додека граѓаните бараат од рафт до рафт поевтино за да заштедат и денар повеќе, од Сојузот на синдикати на Македонија во континуитет потсетуваат на сиромаштијата кај работниците и бараат минимална плата од минимум 500 евра за работникот да преживее. Иван Пешевски од Сојузот на синдикати на Македонија со порака до работодавачите да се престане со праксата на потценување и омаловажување на работниците.   

„Платите се повеќе од катастрофални и да не врзуваме продуктивност, сите знаеме тоа е лекција уште во прва средно дека ако има продуктивност ќе има поголема плата. Ајде, сега кај се парите во државата во џебот на претставниците на власта и работодавачите или во џебот на работниците? Кој е тој што кубури и живее од ден во ден во државата, пензионерите и работниците или работодавачите и претставниците на власта? Да не с еправиме тука при очи слепи дека во државава лошо живеат пратеници, министри и директори а добро живеат работници. 35 години на работникот со памукче крвта му ја пиете и затоа си замина од тука и не очекувајте попродуктивни работници за овие плати.“ - вели Иван Пешевски, потпретседател на ССМ. 

Од Влада на ставот дека како ќе се договорат работодавачите и синдикалците на Економско-социјалниот совет, тие како Влада ќе прифатат. Работодавачите пак на ставот дека ако се зголемат платите ќе има удар во профитот. Од Организација на работодавачи на ставот дека македонската минимална плата е највисока  во Европа дури и повеќе од директивата на Европската унија.  

Дел од експертите на ставот дека ако се вакви ставовите на работодавачите во тој случај паѓаат барањата на синдикалците за 500 евра а  Владата со целосна комоција ќе го заземе ставот дека дала простор за договор но и дека 1.600 денари е се што ќе добијат работниците, 

Од друга страна министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши децидно кажа дека ако се зголемат платите ќе се зголеми и инфлацијата и дека тоа ќе предизвика отпуштање на работниците – на што возвратија од ССМ дека функционери со плати од над 3-4 илјади вра зборуваат дека работникот со скоро 400 евра минимална плата може да живее.

Escape