ПРВ.мк
Економија

Крајот на конфликтот претставува нов почеток на можности, Македонија со нови економски шанси - еве што не очекува

Крајот на конфликтот претставува нов почеток на можности,  Македонија со нови економски шанси - еве што не очекува
Kristal

Евентуалниот крај на војната во Украина, доколку биде прифатен планот на Доналд Трамп, би можел да создаде значајни индиректни бенефити за македонската економија, инфраструктура и домашниот бизнис-сектор. Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски смета дека Македонија, како дел од источниот фронт на НАТО, може да стане важна точка во логистичкиот синџир за обновата на Украина – но само ако државата навреме се подготви.

Според Миноски, очекувано е дел од американските средства за обнова да завршат во регионот, бидејќи два стратешки коридори минуваат низ нашата држава. Токму тоа ја става Македонија во позиција да привлече компании кои ќе учествуваат во обновата на Украина, особено во секторите како логистика, ИТ-технологија и инфраструктурни проекти.

Тој додава дека македонските фирми би можеле да настапат како подизведувачи во реконструкцијата, а државата треба проактивно да настапи со јасна стратегија за искористување на можностите што би се отвориле.

Во ситуација на прекин на конфликтот, Миноски очекува и поголем интерес од Европската Унија за земјите од Западниот Балкан, што би можело да доведе до забрзани интеграции и дополнителни финансиски приливи во делот на институционално јакнење, инфраструктура и инвестиции.

Планот на Доналд Трамп за завршување на војната предвидува формирање фонд од 100 милијарди долари, кој би се финансирал од замрзнатиот руски имот и би бил управуван од САД. Дел од средствата би биле насочени кон обнова на Украина, а половина од профитот би го добивале САД. Дополнително, Европската Унија би придонела со средства од продажбата на запленетиот руски имот, со цел заедничките американско-европски инвестиции да спречат ново разгорување на конфликтот.

Македонија, велат експертите, мора веднаш да ја дефинира својата стратегија – бидејќи прозорецот за економски пробив може да биде краток, но историски значаен.

Escape