ПРВ.мк
Магазин

Историски пресврт по 100 години: Еве зошто Божиќ конечно ќе биде на 25 декември!

Историски пресврт по 100 години: Еве зошто Божиќ конечно ќе биде на 25 декември!
Kristal

Божиќ оваа година носи необичен и возбудлив детал што ги привлече љубителите на симетрија, нумерологија и редоследни датуми. На 25 декември 2025 година, календарот создава редок нумерички спој – 25/12/25 – комбинација која совршено се повторува во денот, месецот и последните две цифри од годината.

Ваквиот феномен, иако се базира само на бројки, создава силно чувство на симболика, хармонија и „посебност“ кај голем број луѓе. Последен пат вакво поклопување се случило во далечната 1925 година, значи точно пред 100 години. А следната ваква симетрична Божиќна дата ќе се појави дури во 2125 година.

На социјалните мрежи веќе се ширaт коментари, шеги и креативни објави посветени на „магичниот“ 25/12/25. Дел од луѓето ќе ја искористат оваа ретка календарска можност за тематски празнични фотографии, креативни видеа, нумеролошки инспирирани содржини или едноставно за интересни разговори околу реткоста на датумот.

Иако за некои ова е само симпатична случајност, за други претставува уште една причина овој Божиќ да биде поразличен и поуникатен.

Овогодинешниот празник ја носи истата атмосфера и радост, но со дополнителен „печат“ – бројчан редослед што го гледаме само еднаш во век.

Escape