ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Москва под напад – експлозија, пожар и прекинати летови

(ВИДЕО) Москва под напад – експлозија, пожар и прекинати летови
Kristal

Во Московскиот регион утрово избувна голем пожар откако украински дрон погодил дел од термоцентралата Шатура, клучен капацитет кој обезбедува електрична енергија за пошироката област околу руската престолнина. Нападот предизвикал експлозија, а на видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа силен пламен и густ чад.

Властите соопштија дека дел од беспилотните летала биле уништени од противвоздушната одбрана, но метални остатоци паднале внатре во комплексот и го запалиле објектот. Гувернерот Андреј Воробјов потврди дека пожарот е под контрола и дека екипите сè уште работат на расчистување.

Иако централата е погодена, електричната енергија во Москва не била прекината – префрлена е на резервни линии за да се спречи затемнување на градот.

Летови стопирани, воздушниот простор под надзор

Поради присуство на дронови, аеродромот Жуковски привремено запре со работа, а повеќе летови беа одложени или пренасочени. Градоначалникот Сергеј Собјанин потврди дека уште два дрона биле соборени пред да влезат во московското подрачје.

Централа од стратегиско значење

Шатура се наоѓа околу 120 километри источно од Москва и е еден од најстарите и најважните енергетски објекти кои го снабдуваат регионот со струја и топлинска енергија. Ударот врз ваков капацитет се смета за едно од најтешките оштетувања на руската инфраструктура во последно време.

Русија тврди дека соборила 75 украински дронови

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле уништени 75 украински дронови над девет руски региони — од Крим и Брјанск, до Белгород, Краснодар и Црното Море.

Украина последните месеци интензивно напаѓа руски воени и индустриски капацитети со домашно произведени беспилотни летала со долг дострел, но засега нема информации за бројот на жртви и точната материјална штета од денешниот удар.

Видео:

Escape