Во Лондон се случува апсолутен апсурд: крадците почнале да ги враќаат украдените телефони штом ќе сфатат дека не се iPhone. Да, точно читате – ако е Samsung или друг Android, едноставно го фрлаат назад и си заминуваат како ништо да не било.
Новинарите веќе потврдија најмалку три бизарни, скоро комични случаи:
Еден човек сведочи дека крадец му го грабнал телефонот, го погледнал, забележал дека е Samsung Galaxy, му го вратил во рака и побегнал. Друг случај е уште посмешен: ограбувачот ја изгубил целата волја за кражба во моментот кога видел дека телефонот е Android. Третиот човек бил нападнат од цела група – и повторно, еден од нив се вратил само да му каже: „Не ми треба твојот Samsung“, па продолжил да си оди како ништо да не се случило.
Жртвите признаваат дека било и срамно и смешно во исто време. Изгледа дека дури и криминалците во Лондон имаат „висок вкус“ – и јасно е што НЕ сакаат да украдат.
















