Голем дел од Хрватска утрово се разбуди под густ снежен покривач кој предизвика вистински сообраќаен колапс. Поради опасните услови, затворени се повеќе магистрални и регионални патишта, а регионот на Риека објави црвен метеоаларм, највисок степен на предупредување.
Патиштата се лизгави, влажни и опасни поради ниските температури кои создаваат голомразица, а на делници од Јадранската магистрала постои голем ризик од одрони.
Снег интензивно паѓа во Горски Котор, Славонија, централна и северозападна Хрватска, како и во внатрешноста на Далмација. Невремето го парализира и поморскиот сообраќај – повеќе линии се целосно блокирани додека трае снежната бура.
Хрватските власти апелираат граѓаните да не патуваат доколку не мораат и внимателно да ги следат предупредувањата на метеоролозите.
















