ПРВ.мк
Црна Хроника

Ја пресретнал пред работа и ја одвлекол во мракот – ужасни детали од нападот во Дојран!

Ја пресретнал пред работа и ја одвлекол во мракот – ужасни детали од нападот во Дојран!
Kristal

Во Дојран е откриен брутален случај на сексуално насилство, по што Основното јавно обвинителство во Гевгелија отвори истрага против 27-годишен маж, осомничен за полов напад и силување. Настанот се случил на 19 ноември, а според обвинителството, постојат сериозни докази дека осомничениот со употреба на сила ја принудил жртвата на сексуален однос.

Жртвата и осомничениот претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала. Токму поради тоа, според истрагата, тој ја пресретнал пред нејзиното работно место и ја убедил да влезе во автомобил „само за разговор“. Наместо да ја однесе дома, како што ветил, со возилото свртел кон осамена полска патека.

Во текот на возењето започнал да ја удира по лицето и да ѝ се заканува дека нема право да биде со друг маж. Кога автомобилот конечно застанал, девојката се обидела да избега, но тој ја фатил, ја удирал со шлаканици и боксови и со сила ја вратил во возилото. Таму, и покрај нејзиниот отпор, ја присилил на сексуален однос.

По пријавата, обвинителството побара определување притвор за осомничениот, со образложение дека постои опасност да влијае врз истрагата или да го повтори делото. Судијата од Основниот суд во Гевгелија треба да одлучи по предлогот.

Обвинителството најавува дека истрагата продолжува со собирање дополнителни докази и изјави за целосно расчистување на случајот.

Escape