ПРВ.мк
Црна Хроника

Морничава „шега“ заврши трагично: Момче од 15 години убиено од своите другари!

Морничава „шега“ заврши трагично: Момче од 15 години убиено од своите другари!
Kristal

Петнаесетгодишниот Мухамед К. од Турција почина по тешки повреди добиени од шега што трагично излегла од контрола, а која ја изведиле негови колеги во столаријата каде што го изучувал занаетот. Стотици жители вчера му оддадоа последна почит на погребот.

Инцидентот се случил на 14 ноември, кога двајца млади работници – едниот на 19 години – го врзале тинејџерот, му ја соблекле облеката и му ставиле црево од компресор за воздух во анусот, под тврдење дека „се шегуваат“. Откако го пуштиле компресорот, силниот притисок предизвикал разорни повреди на неговите црева и внатрешни органи.

Мухамед веднаш бил префрлен во болница и по пет дена борба на интензивна нега, починал на 19 ноември. Следниот ден, телото му било предадено на семејството, по што бил погребан. На социјалните мрежи кружат потресни снимки од неговиот татко како скршен од болка седи пред гробиштата, неспособен да се движи.

По смртта на тинејџерот, полицијата ги привела двајцата работници кои се товарaт за тешки телесни повреди со смртен исход. Иако постариот од нив бил накратко пуштен да се брани од слобода, по силни реакции од јавноста против него била повторно распишана потерница.

Во родниот град на Мухамед се одржа масовен протест на кој граѓаните побараа правда за момчето и строга казна за виновниците.

Escape