Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера утрото на Клиниката за нефрологија бил донесен 41-годишен мигрант, на кој му била потребна итна медицинска помош.
Според информациите, мажот бил примен на 20 ноември во 00:16 часот, а и покрај напорите на медицинскиот персонал, тој починал следното утро, на 21 ноември, во 06:48 часот.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
















