ПРВ.мк
Свет

Турција започна историски проект – се гради првата фабрика за брзи возови што ќе ја промени иднината на железницата!

Турција започна историски проект – се гради првата фабрика за брзи возови што ќе ја промени иднината на железницата!
Kristal

Во Турција официјално започна изградбата на првата фабрика за брзи возови, голем инфраструктурен проект што ќе ја позиционира земјата меѓу водечките држави во производството на современи железнички системи. Веста ја потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, кој нагласи дека ова е „историски чекор кон целосна независност во железничката индустрија“.

Фабриката се гради во покраината Сакарја, во северозападниот дел на земјата, и ќе претставува модерен производствен и тестен центар. Објектот ќе опфаќа 15 илјади квадратни метри и ќе обезбеди вработување за 250 луѓе, а со своето производство ќе придонесува 84 милиони долари годишно во турската економија.

Во рамките на фабриката ќе биде изграден и специјален полигон за тестирање на возовите, со што Турција ќе стане една од ретките земји во светот што располага со целосен систем за развој, тестирање и производство на брзи возови.

Според Уралоглу, во новиот погон ќе се произведуваат возови што ќе достигнуваат брзина до 225 километри на час, а годишно ќе се изработуваат и тестираат 12 комплети.

Министерот истакна дека овој проект ќе ја намали зависноста на земјата од странски извоз, ќе го засили технолошкиот развој и ќе отвори нови можности за истражување, иновации и вработување.

Фабриката, која се реализира преку Индустријата за возила на Турскиот железнички систем (TÜRASAŞ), ќе биде изградена целосно со национални ресурси, што ја прави уште посимболична за турската индустрија и нејзината ориентација кон самостојност и модернизација.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK