ПРВ.мк
Македонија

Почна гласањето пред вториот круг: Болни, изнемоштени и затвореници денеска го даваат својот глас!

Почна гласањето пред вториот круг: Болни, изнемоштени и затвореници денеска го даваат својот глас!
Kristal

Денеска, еден ден пред одржувањето на вториот изборен круг за градоначалници, право на глас остваруваат болни, изнемоштени, затвореници и лица во старски домови, како и оние во домашен притвор, во општините каде што се гласа за нови градски челници.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), за ова гласање се пријавиле вкупно 4.826 болни и изнемоштени лица, кои своето право ќе го искористат преку специјални подвижни избирачки одбори. Најмногу пријавени има во Општина Кичево – 823 лица.

Покрај нив, денеска гласаат и затворениците и лицата во домашен притвор, а главното гласање за сите граѓани ќе се одржи утре, во 32 општини и Градот Скопје, каде што ќе се избираат градоначалници.

Во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето за советници на три избирачки места, поради нерегуларности утврдени на 19 октомври.

Во вториот изборен круг право на глас имаат 1.013.357 граѓани, а изборната кампања официјално заврши синоќа на полноќ. Во моментов е во сила изборниот молк, кој ќе трае до недела во 19 часот, кога ќе се затворат избирачките места.

Останува да се види кој ќе ги добие градоначалничките фотелји по најнеизвесниот изборен втор круг досега, кој ќе ја одреди новата локална политичка слика во земјата.

Escape