Владата на САД повторно предизвика јавен гнев поради користење на визуелни материјали од популарната видео игра Halo во кампања за промоција на депортација на милиони луѓе. Министерството за внатрешна безбедност (DHS) сподели материјали придружени со пораки што многумина ги оценуваат како отворено ксенофобични и опасни.
Сè започна неколку дена порано, кога на платформата X се појави постер генериран со вештачка интелигенција на кој Доналд Трамп беше претставен како Master Chief од серијата Halo, со симболични пораки за „завршување на осум војни за осум месеци“. Објавата од официјалната сметка на Белата куќа веднаш предизвика лавина реакции и критики.
Ситуацијата станала уште полемична кога Министерството за внатрешна безбедност објави слика од Halo со натпис “Destroy the Flood” и линк кон страница за вработување во Службата за имиграција и царина на САД (ICE). Многумина го протолкуваа потегот како дехуманизирање на мигрантите, бидејќи во играта „Потопот“ претставува паразитска вонземска раса што уништува цели цивилизации.
Microsoft молчи
Иако социјалните мрежи беа преплавени со барања Microsoft, сопственикот на франшизата Halo, да реагира на злоупотребата на својот бренд, компанијата остана без коментар. Портпарол за PC Gamer изјави: „Microsoft нема коментар за овој случај“, што дополнително ја налути јавноста.
Слични примери се видени и претходно, кога американските институции користеа ликови од Pokémon во кампањи за имиграциони рации, а Nintendo не одговори. Многумина укажуваат дека компаниите кои обично ги штитат авторските права во комерцијални контексти, изненадувачки молчат кога станува збор за политичка злоупотреба на нивната содржина.
Забрана на дискусии и реакција на фановите
На официјалниот Halo Discord сервер, дискусиите за оваа тема се забранети, додека модераторите на Reddit одлучија да дозволат разговор, со образложение дека ова е „исклучок поради огромниот интерес на заедницата“.
Еден корисник напиша: „Уморен сум од тоа што Белата куќа се однесува како нервозен тинејџер“, додека друг коментираше: „Ова е исто ниво на медиумска неписменост како кога полицијата го користи логото на Казнителот“.
Ситуацијата дополнително се влоши кога GameStop ретвитна слика од Трамп како Master Chief, заедно со друга на која политичарот Џ.Д. Венс е прикажан како Кортана.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк














