ПРВ.мк
Свет

Единаесет доживотни затворски казни за трагичниот пожар во хотелот „Гранд Картал“ во Турција

Единаесет доживотни затворски казни за трагичниот пожар во хотелот „Гранд Картал“ во Турција
Kristal

Турскиот суд донесе историска пресуда — единаесет лица се осудени на доживотен затвор поради пожарот што во јануари годинава го зафати хотелот „Гранд Картал“ во познатиот ски-центар во покраината Болу. Во катастрофата загинаа 78 лица, меѓу кои и 43 деца, додека 137 гости беа повредени.

Меѓу осудените се наоѓа и сопственикот на хотелот, кој заедно со уште десетмина обвинети беше прогласен за виновен за тешко кршење на безбедносните протоколи и предизвикување смрт поради немарност. Вкупно 32 лица беа опфатени со обвинението, меѓу кои и членови на управата, вработени во хотелот, локални функционери и пожарникари.

Несреќата се случила во период на училишен распуст, кога бројни семејства од Истанбул и Анкара престојувале во комплексот. Истражните органи утврдија дека пожарот започнал во кујната и се проширил со огромна брзина поради дрвената фасада и недоволната противпожарна заштита.

Трагедијата предизвика бурни реакции низ целата земја, а јавноста побара строги санкции и системски промени во туризмот. Властите најавија нови прописи за безбедност во туристичките објекти, со цел вакви настани никогаш повеќе да не се повторат.

Escape